Му се чинеше и повисоко одошто е, кога уште ќе замислеше дека горе, изделено од рајата, е сѐ што вреди, седиштето на валијатот, уќуматот, беледието, а заградени од ѕидиштата се и сите големци на градов, нивните куќи и сараи, богатствата, анамите и слугите, а покрај нив војниците, магазите со жито, складиштата на муниција, топовите, ѓулињата, јаничарите и нивниот јаничарски началник, што го викаат коџа-ага, па јузбашата, церибашата, дури и спахискиот ќаја е тука, ама и големиот мула не може да биде надвор од ова место, зашто нему му даваат дваесет ќесиња годишно.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Сите нас големците на грцкио аскер не собрае и не кладое ангарија да прајме.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)