-Првиот чекор кон успехот е да се признае сопственото незнаење – продолжи старецот. – Со тоа, ти пројави желба да учиш, потиснувајќи ја гордоста која престставува последица на лажно вообразено знаење.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
- Да ги видам – веднаш изјави кадијата и прв излезе од својата одаја и отиде во дворот. Co злоба и гордост која може да ја има само средновековен победник, со рацете одзади, придружен од Јунуса, Рифата и забитот, се приближи до редицата исповрзани луѓе и жени и доби по едно длабоко темане од пазачите.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)