Сето тоа не можеше да не внесува извесна горчина во срцето на Пискулиева, колку и да беше готов да се утешува.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Меѓу првите треба да се однесат: 1/ Македонците со своето обединување за преследување на интересите на својата татковина станаа важен фактор што навидум влезе во сојуз со бугарскиот народ и со сите негови официјални претставници за достигнување навидумни општобугарски интереси во Македонија, а всушност со тоа го направи бугарскиот народ и неговите официјални претставници и установи орудија за свои сопствени чисто македонски цели и интереси; 2/ Македонците од сојузници со Бугарите во решавањето на македонското прашање станаа господари на тој сојуз, во кој Бугарите фатија услужливо, а понекогаш и со горчина во душата да ги исполнуваат барањата на Македонците.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Утре ќе се разбуди со горчина во устата, кутра, не пратено писмо покрај себе, но замолчана.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Измешани чувства. Невидена радост и неверување дека тој ќе биде во мојот град, но и помалку горчина во душата.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Дека беше во прашање зависта сфатив кога реши да го искористи случајов и да ме замеша во разговорот и мене.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Средбава во вагонот, а потоа и моето присуство веројатно ѝ се чинеле и премногу податлива околност за излевање на некоја нејасна завист а можеби и на горчина во која не бев упатен.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Таа доживеа многу горчини во животот, сите делби, заминувања.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
За среќни поводи границата не можеше да се мине.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Бен Али ќе придонесе стариот Бургиба да живее со спомените на својата величина уште повеќе од една деценија, но со притаена горчина во себе дека не ја достигна вечноста на владеењето.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во молк го ислушав раскажувањето на сега осумдесетгодишната и некогашна партизанка на ДАГ, која неочекувано, со горчина во гласот, ме праша: - Како ли да го наречеме тоа време на кое често му се навраќаме во нашите спомени?
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
А сега инвалид, со две патерици и со горчина во душата за цел живот!
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Деца тоа не го носат,“ пувкаше Љупчо и нѐ гледаше низ чадот.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
По неколку пувкања ми дојде горчина во устата и како нешто да ме удри в глава.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Сите се сложивме дека е така.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Неговиот дух беше скаменет од некакво глуво чмаење, од кое чувствуваше одвај мала горчина во грлото.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Реши да причека во сопчето да се стемни и да дојде време за вечера.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
И кога горчината во неговото челично срце се прелеа, им рече на ’рѓосаните шини под себе: - Не можам веќе!
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)