Во аналите на стариот париски хотел Monsieur le Prince било забележано дека во истата соба број 17 престојувал гостин кој заминал, со купови книги, додуша во помал број отколку 15 години подоцна, но овој гостин, бидејќи се работело за книги, бил толериран до крајот на престојот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Додека Ѓорѓе го преспиваше денот, Рада мораше да ги пречекува и двори новите гости кои доаѓаа на честитање.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Нејзиниот сопственик беше присутен на ревијата како почесен гостин кој овозможи штофови и изработка на голем дел од моделите во неговите простории кои беа опремени со најсовремени машини од Кемниц, Германија.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Како и да е, се спреми, го наметна мантилот, ја зеде ташната и појде накај дома, минувајќи низ последните гости кои веќе ги земаа палтата од гардеробата спремајќи се да си одат.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Јас не разбирам зошто и како е можно мајка ми да е виновна за сите лоши работи, а татко ми да е невин.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Во такви случаи татко ми се однесува како да е случаен минувач низ куќата, или како незаинтересиран гостин кој се чуди што тоа се случува, оти, нели, не е од нашето семејство и нема удел во настаните и односите во нашата куќа.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Сѐ се плашев дека вие, гостин кој само случајно наминува, одеднаш ќе исчезнете.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Сакал или не, со конечност увидувајќи во каква положба се наоѓа, не можеше а да не го согледа единствениот можен излез: претстојната, неизбежна, несакана, но и спасоносна посета од невидливиот последен гостин кој, каде и да е, со оглед на неговите години и пораките што ги добива преку телесните тегоби, ќе дојде без да заѕвони, без да тропне на врата, без да направи шум што ќе го насети неговиот грифон.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Шеташе помеѓу масите, си го чепкаше носот и се чешаше меѓу нозете, обидувајќи се да им го згади ручекот на гостите кои му го окупираа тротоарот.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Како и во секоја темнина, се наоѓаа и неканети гости кои крадеа од највкусните вина за потоа да ги препродаваат на белосветските пазари.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Среќни што го дочекле нивниот драг гостин кој доаѓа еднаш во сто години и не му текнува да си оди, сè додека не си отидат сите. 1999.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)