Во тоа време многу се пишувало и зборувало за Боксерското востание во Кина: за грабежите и експлоатацијата на кои било изложено кинеското население, за неговиот отпор против европските држави што го угнетувале кинескиот народ и за жестокостите што тие ги вршеле при задушувањето на востанието. 20
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
На христијаните во Турција, под закана од казна со смрт, забрането им е да носат оружје, но, зашто се постојано изложени на грабежи и убиства од страна на муслманите, сите тие носат оружје.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Паралелно со полнењето на затворите во речиси цела Македонија и применувањето на познатите и испитани тортури против целото македонско население (специјални експедиции против македонски села, палежи, грабежи и слично), во Солун се подготвувало судење кое, според замислата на официјален Цариград, правосудството на султанот требало да го претстави пред Европа во една за неа непозната светлина.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)