Колку ли, колку градови има од мојот до твојот?
„Омајнина“
од Афродита Николова
(2010)
Среде во градот имаше мермерна чешма.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Секој град има свои кулинарски специјалитети, ги има и Прага.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Во град имаше повеќе Рилковци, од кои беше овој Никола?
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Патописецот Евлија Челебија, при неговата посета на Скопје во 1660-1681 година, забележал дека градот имал над две илјади години, со плоштади и пазари, со сводови и куполи, во кои доминирала централната чаршија со сокаци чисти и калдрмисани, со опојни миризби на босилек, јоргован и крин во вазни саксии.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Чаршијата овозможувала развој на повеќе занаети како, на пример, изработката на кожа, волна, восок.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Некој велат оти го застрелале властите за да им биде пример на другите кои верувале во некоја невидлива сила наречена Бог, а кој верувале оти Бог е на земјата и оди меѓу нив и дека секое село и секој град има по еден свој Бог којшто можат да го чујат и да го видат.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Низ центарот на градот имаше поставено повеќе огромни тотеми ишарани со разнобојни бои од времето на домородците.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Реков, од Маказар до главниот град имаше близу триста километри, не премногу, но доволно да се почувствува осаменоста, но од друга страна, и да се има дистанцата за размисла околу сопствениот и заедничкиот живот и животот на другите, на светот околу.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Едо Бранов од Битола Битола веќе не беше Битола што авторот ја знаеше од времето на своите ученички денови кога тој живееше во Чифте-фурне каде што младоста му ја користеше една средовечна госпоѓа што не поднесуваше да спие во ист кревет со својот сопруг и кога градот имаше само нешто повеќе од триесет илјади жители.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Во овој град има премногу автомобили по глава на жител.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Според турската статистика, во 1890 година градот имал 88.000 жители, а во 1898 - пак толку.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Стариот на Марко беше ти бил дојден, пред години, од Кратово, а во овој град имаше мајдан од бакар, та бакарните садови што се изработуваа таму, според личотијата ги надминуваа и оние од Босна, па и и оние од Кастамонија, во Мала Азија.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Имаа слушано дека такви чуда по големите градови имало, но дека и по села може да оди и, еве, во Брезница да дојде, немаа ни чуено ниту, пак, им се веруваше дека тоа чудо, еве, со свои очи и во своето село, пред куќата на Спира Клечев го гледаат.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Но нѐ чудеше кога тој ќе одмавнеше со рака и сосем млако ќе речеше дека овие биле сосем мали возови, наречувајќи ги желчиња и чајничиња, зашто по другите градови имало уште многу, многу поголеми возови, кои тој на млади години ги терал...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Засега во градот имаме осум мерни места што сама го регистрираат загадувањето и тоа со оглед на концентрациите на чад и сулфур диоксид.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
По војната градот имаше и конзулати кои по свои канали ја ширеа вистината за времето на козите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
И во илјадници други градови имаше деца, авении, деловни луѓе во нивните канцеларии.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
И слушаме: во градот има многу просјаци и има многу црни војници, со обетки на ушите и на носот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Во старо време во крајезерскиот град имало триста шеесет и пет цркви; да можат луѓето секој ден во годината во нова црква да се молат...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
За Сани, најомилената поставка е онаа со снежниот леопард. чудно е што зоолошката градина во ваков малечок град има такво животно.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Тие се толку ретки. Чита дека снежниот леопард јаде цицачи и птици. Осамено живее.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Колку долго живее? Дваесет и пет години.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)