Би ни успеало ли да стигнеме, водени од моќта за сеќавање, до една слика на овој град каква што не постои во колекциите на разгледници зачувани по музеите, но која сепак е вистинита?“
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Можеби се обидуваше да го замисли тој град, со тие миризби и смрдеи, но тешко можеше тоа, зашто никогаш и не беше пошол во вистински град, во таков град каков што го кажуваше Кирил.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)