Германците со помали окупациони сили ги држеле стратегиски најзначајните региони со кој најдобро можеле да ги штитат освоените позиции на Балканот и во случај на Британците и колебливото движење на Италијанците да ги заштитат најважните подрачја во Грција: дел од островот Крит, неколку истурени острови спрема исток, меѓу кои: Милос, Скирос, Лезбос и Лемнос, потоа краткиот појас во Тракија спрема турската граница кој служел како тампон зона меѓу делот на западна Тракија под бугарска окупација и Турција, Солун со Егејското Море од каде најлесно можела да се чува важната стратегиска железничка пруга по долините на реките Морава и Вардар како и некои бази на Атика и Средоземното Море.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Лавиринтот му се наложуваше на Татко и како слика на трајно променливите балкански граници кои ги оградуваа и изолираа во долги временски периоди животите на луѓето, на нивните семејства.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Балканските лавиринтски граници кои никогаш не исчезнуваа, колку и да веруваа луѓето дека дефинитивно ги нема, дека тие се избришани од балканскиот релјеф, остануваа означени во душите на луѓето.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Кога во далечната 1943 година ноќе со еден стар семеен чун ја минавме границата која беше означена под Езерото, според легендите во кои верувавме во детството и чувана од еден змеј, границата меѓу родната земја и среќниот егзил на другиот брег, ние бевме осудени на клетвата дека нема враќање од егзил.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Така би и во таа темна ноќ кога душата беше претворена во светлина за да го осветлува патот на сина си до границата која го сечеше Езерото на неколку километри од гратчето Подградец Бабата своите внуци, кои сега се оддалечуваа засекогаш од неа со малиот чун во судбинската ноќ на својот живот, ги заспиваше со прикаски и легенди поврзани со блиското Езеро, чии бранови често допираа и до бреговите на нашите соништа, ги вознемируваа.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Езерото ја имаше судбината да биде поделено со граница меѓу народи, режими и идеологии.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Се соединуваа душите, се избираа меките зборови на судбината.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Птиците ја прелетуваа границата, но само на езерските јагули, кои патуваа преку балканските реки и Медитеранот до Саргаското Море на Атланскиот Океан и назад низ новата генерација, не можеа на последното враќање да ја минат границата која луѓето по милиони години им ја испречија на патот со градба на неколку хидроцентрали во Албанија и Македонија.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Најчесто сакавме да ја слушаме прикаската за подводниот змеј чие живеалиште беше токму на линијата на границата која многу години, под различни окупации, но и во слободата, делеше две земји, народи, идеологии, вери.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
За секој клуч постои некаква брава, но секоја брава си има своја историја...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
И не случајно, на брегот на Езерото, во Струга, близу границата која некогаш ја минавме, татковите книги го остваруваа вториот живот низ моите занесни читања.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Баба во своите прикаски се обидуваше да наложи среќен крај односно да измисли сказна во која ќе се најде јунак од едната или другата страна на границата која ќе го убие змејот, ќе ја победи границата среде Езерото.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Пароксизмот на сталинистичката гротеска ми беше приреден токму во родниот град, при самото минување на истата граница која, пред триесет и седум години, во времето на фашизмот, ја минавме тајно, низ Езерото.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Нагонот да се полета, како во семејство во облак на Шагал, сигурно доаѓаше од немоќта да се минат границите, особено големата граница која нѐ делеше од родната земја.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Ќе ја минуваат со погледите границата која, со своето постоење, ја обележа судбината на семејството во повеќе генерации.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Ние тогаш ни насоне не можевме да си претпоставиме дека ја минуваме границата која, како еден од најголемите балкански ѕидови-граници, ќе опстојува толку долго, како лузна на Езерото.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Најстариот брат, со голема тага во душата, ја слушаше тажната исповед на Мајка за границата која, сите ние, не престанувавме, со по еден нејзин дел, да ја носиме во нашите души.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Се роди сираче на самата несигурна албанско-грчка граница која се воспостави по нејзиното раѓање.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Оваа огромна капија ѝ се стори како непреминлив ѕид, како душата на самата граница која продолжуваше во луѓето и од која не можеа векутума да се ослободат.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Бев свесен дека ова патување требаше да значи и еден вид отворање, ширење на Татковата душа отаде границите кои постојано се појавуваа пред него.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Во тој домен беше и нејзината постојана идеја, митот за враќањето и за минувањето на границата која ја бевме преминале пред многу години и поради која останавме трајни емигранти на животот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Тоа најмногу беше поврзано со судбината на границата која нѐ разделуваше.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Како и судбината на Татковиот живот да беше постојана граница која му ја оставаше во наследство и на самото семејство, а Мајка бараше постојано излез од неа.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Не можеше да ја преболи границата која минуваше низ семејното стебло.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Ја сечеше реката јужната граница која се извиши како вистински балкански ѕид по Светската и Граѓанската војна.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Кој да помисли дека меѓу вкусовите, миризмите имаше граница која можеше да ги подели?
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Сите граници кои се пречки се само делумни односно ограничени во способноста да вклучуваат или исклучуваат.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Исто така, многу пост-колонијални нации имаат граници кои им биле наметнати од колонизаторите пред да се здобијат со независност. 14 Malcolm Anderson, Frontiers: Territory and State Formation in the Modern World. (Oxford: Polity, 1996), 9. 15 Бранимир Стојковиќ, „Идентитетот како детерминанта на културните права,“ во Културен идентитет - разлика во себе, ур.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Како што вели Гери Маркс: „Границите кои се пречки се секогаш делумни и во различен степен пропустливи“.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Види Edward S. Cohen, “Globalization and the Boundaries of the State: A Framework for Analyzing the Chang- ing Practice of Sovereignty,”Governance, Vol. 14, No. 1 (January 2001): 81. 40 ограничуваа движењето на луѓето, стоките, капиталот и идеите.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Сепак, истовремено, насекаде низ светот се сретнуваме со бројни примери на меѓународни граници кои стануваат сè поцврсти и понепробојни.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Тие укажуваат на тоа дека оваа миграција создава „транснационални заедници“ кои претставуват тест за дефинирачката моќ на националните држави кои што тие ги трансцендираат. 71 71 Michiel Baud and Willem van Schendel, “Toward a Comparative History of Borderlands,” Journal of World History 8.2 (1997): 57 6.2 Аутсајдерот Позицијата на аутсајдерот не е секогаш негативна, или нужно критичка, ниту пак завидлива и со таен копнеж кон инсајдерска позиција.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Националните држави бараат неменливи, долгорочни и одредени национални граници кои ќе ја одредат територијата, како простор со одреден степен на кохерентност и значење.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Како што истакнува Елизабет Грос, надворешното е „способно за голема позитивност и иновација“.72 Животот на маргините, далеку од центарот не секогаш е резултат на границите кои се ексклузивни (буквално „држи надвор, остава надвор“).
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Татко, внесен во своите свети книги, стравуваше најмногу за судбината на својот албански народ зашто, троверен каков што беше, лесно можеше да се најде на трагичните распаќа на историјата, лесно ќе го престројуваат на погрешната барикада, лесно ќе асимилираат негови делови за сметка на другата вера, ќе го натераат да ги брани границите кои го разделуваа со своите.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
25. Не се заколнувај, бидејќи секоја заклетва е претерување.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
26. Спротивстави му се на злото, но без страв и без гнев.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
20. Ако ти згреши десната рака твоја, прости ⥊ ти си своето тело и ти си својата душа, и тешко е, или невозможно, да се одреди границата која ги дели...
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
24. Не претерувај со вера во вистината; нема човек кој на крајот на денот не лажел, со причина, многу пати.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)