гранка (имн.) - на (предл.)

Ама и како да не беше гроб туку некоја мермерна трпеза околу која беа наседнати дебелкави и дебели тркалезнообрзани луѓе, сите облечени повеќето во униформи, со тешки ордени на градите, со златни колани и позлатени гранчиња на капите.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Лево горе за момент не се слушаше удирањето на казмата. Кога погледнав подобро натаму, ги видов рацете на Јована како се подаваат меѓу гранките на сливите магарешки и пофаќаат од крупните плодови.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Се напрегам да им ги видам лицата на луѓето кои се како под превез, нивните судбини се ломат под фатот од моите прсти како иструлени парчиња од гранка на дрво.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Од сувата гранка на сливата четирите врабици веќе имаа одлетано.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Мартинките на двајцата светеа на утрешното сонце кое тукушто се пробиваше преку гранките на борјето и ја гонеше седата покривка од нивните „коси".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се праша Толе сам и се загледа во гранките на стогодишниот бор крај долчето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кај излезот од тремот во бавчата, чардаче исплетено од гранките на две огромни лозници.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Далеку од селото, под оскорушата, низ гранките на која се пробиваа јадрите капки вода - се проштаваше Веле со мајка си, вдовицата Кита.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Наместа снегот, натрупан по дебелите стебла и гранките на буките, сосем ги скриваше дрвјата, некаде пак каде што тој не навеал добро или се одронил пред време, се покажуваше црнилото на испреплетените стебла и гранки.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тргнуваш во потрага по цветот за гранката на твојот сон. Утрото измислува портокали. На твојот суров континент плодови на морето.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Црвеношијки, златошијки, врапчиња беа вгнездени и доаѓаа во грмушките; верверички и шарени верверички се искачуваа и спуштаа по гранките на дрвјата; ласици скокаа од ѕид на ѕид; млади крастави жаби потскокнуваа во воздухот за да уловат инсекти, и неотровни змии посегнуваа по краставите жаби; бубачки и инсекти брмчеа на сонце; а ноќе воздухот шушкаше од ноќните пеперуги кои со своите крилца удираа во прозорците, во месечевите и запурничави ноќи атмосферата светкаше и танцуваше со милиони трепкачки фосфоросцентни светулки кои на местото му даваа небесен изглед.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
На средниот багрем во лисјата белузлави од прав, неколку врапчиња пролетуваа од гранка на гранка.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тој летен, лесен сон, кога ми го кажа Словото, Таткото, со полуоткопчана горна пижама, низ која ѕиркаа побелените влакна на градите, ја довика сенката на волкот, па на зајакот, па на еленот, и прошепоти, додека со прстите продолжи да ги придвижува тешките гранки на столетната шума: „Саноќ ѕвера ѕвер, но одлик остава слик, незнаено само чија, лика има змизми змија“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Во мигот кога во себе ја плетев оваа надежна мисла, на највисоката гранка на дрвото над кучкарникот, слета гиздав сокол. Застана на гранката гордо и достоинствено.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
43. Мисирков не им се спротивставува на католицизмот и протестантизмот и од чисто практични причини: овие гранки на христијанството не беа државна религија на ниедна од претендентките за Македонија, па следствено и не беа во директна услуга на завојувачките планови на соседите, додека тој сакаше да ги гледа во Европска Турција и интересите на големите католички и протестантски држави за да не се остане само на едностранчиво влијание.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Неколцина се определиле - едните за едниот Онисифор, другите за другиот. Мртвиот Дмитар-Пејко веќе ја разјадувал дружината.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И не се вратил по измитарената шубара што од испотеното теме му ја симнала подадена гранка на стара леска.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Откако каменоделците по непресилената пијанка во манастирскиот двор отишле во пештерите на местото Богородица да удираат со чекани и да вообликуваат воденички камења за четинестите туѓостојбинци од некое село за кое тие и не чуле, се случило на еден час пред заод Арсо Арнаутче да ја сретне Фиданка Кукникова со нарамник гранки на грб и да ѝ помогне благоглаголив да ѝ се врати верата во луѓето - жена е, и светците ќе се симнат од икона да ѝ помогнат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Некои од мажите се исплашиле од многувлакнестата сенка од која кокошките по дрвјата се споулавувале, некои посилни од ужасот на врколачките ноќи пак оделе да шопаат крај оградите или зад нив враќајќи се дома со искокорени очи дури пред изгревите; потоа се нашле двајца или тројца антихристи и го намердале врколакот, го соблекле и со стапови го потерале кон пештерите во кои обработувале камен ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тогаш Адам Лесновец им свртел грб и потрчал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Ќе го закопаме, рекол некој зад Онисифор Проказник. Од зад голи гранчиња на темна грмушка кон него гледал кос.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Вистински пробив во разбирањето на самоорганизирањето на домашните територии со помош на мозокот и околинските експресивни квалитети, се случува во рамките на една уште помлада гранка на ВИ: бихевиорално-заснованата ВИ (или, како што понекогаш ја нарекуваат, животински пристап).
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Се исправи и се дофати за ниските гранки на буката.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И откри дека она, што нему сето време му се чинело како стапки, било само празното трпеливо паѓање на грутките од тој стежнат окит од гранките на буките, едно такво зачестено паѓање на окитот, што се ширеше од бука на бука и што оставаше долу, во снегот околу стеблата, исти онакви трагови, како стапалки од некоја неповрзана дира.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше толку наеднаш, тоа застанување во долгата врвица над него, што тој можеше да го види само следниот миг, кога тие стоеја, наредени една зад друга, свртени со бедрата кон него, полни со оној црвеникав одблесок, а тоа личеше како кога ќе се улови само еден од оние ретки мигови во гранките на трепетликата во летно попладне, кога сите лисја се застојани.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тоа попладне нешто се случуваше. Од гранките на врбите паѓаа секакви птици и се вкочануваа, пеперугите и вилините коњчиња се распаѓаа иако штотуку ги рашириле крилцата, малечките свенуваа.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Само напати ќе дувне некое ветерче ќе одлета некоја чавка, ќе испишти некоја сојка и ќе ги истресе капките од голите гранки на дрвото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Шибан со трња и гранки на ноќта, со обеспокоено срце од вино, белецот со опаш на виножитен лак се нашол во логорот на Турците помеѓу огнови и шатори, сам и долговрат, наеднаш и самиот изненаден од живите сенки на војниците и сепак - горд божји гласник.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тоа поладне нешто се случуваше. Од гранките на врбите паѓаа секакви птици и се вкочануваа, пеперугите и вилините кончиња се распаѓаа, иако штотуку ги рашириле крилцата, млечките свенуваа.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Под гранката на која стоеше танцуваа две штотуку испилени потполошки.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Слетај ми на дланка, му се обратив на утот, пак со мисла.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Кога ќе зачкрташе некоја од голите гранки на дрвото, на Богдана ќе му се пристореше како да е тоа глас на птица, како да се вратила: вртеше со очите нагоре, ја бараше, сѐ дури не виде дека тоа сувата гранка чкртајќи испушта глас како на птица.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Свикан во Алжир во ноќта меѓу 14 и 15 ноември 1988 година, Националниот совет на Палестина на кој тогаш присуствува и југословенски преставник, ќе ги прифати резолуциите на ООН, но и ќе го прогласи воспоставувањето на Палестинската држава со главен град светиот Ерусалим.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Арафат ќе го крене високо маслиновото гранче на мирот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ми се стори дека некоја сенка се префрла од едно место на друго кај задниот агол од куќата, но можно е да беше тоа сенка од гранка на вишната.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
ЗИПРМ (1994) го остави непроменет процентот на платата која претставува основица за пресметување на даноците и придонесите од плата, но пропиша дека мерило ќе биде просечната месечна нето плата по работник во гранката на која ѝ припаѓа правното лице (чл. 5, ЗИПРМ/94), а не просечната месечна нето плата по работник во стопанството објавена во тековниот месец.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Трети бора на Трибор први го поздравија со своите подароци, а росата што беше на нив пополека се слизгаше од гранка на гранка за да слезе по стебло дури до корен и се скрие на жилите на борот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Требаше да ја пресече или ортомата или гранката на која беше обесен Ристе.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Разговорот грее и зборовите пукаат во звучниот простор како суви гранки на оган.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Никаде куќи од завесите на дождот ни прозорци ни стреи сал процеп од сиво небо среде гранките на примракот.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Затоа и заминувањата од гранките на животот не требало да се сфатат како разделби туку само како можност за поинаков вид присутност што таа за жал сѐ уште не била во состојба да ја дефинира.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Шеташе по една гранка на оревот од макетата на татко ми.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Водата ги подлижуваше ниските гранки на врбите.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Сепак таа не се предала толку брзо, иако, кутрата, знаела дека е сама како гранка на исушено дрво.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Татко ти не се шегуваше туку најсериозно го распрашуваше Циган бидејќи тој бесрамен злосторник со часови знаеше да се притаи под некоја гранка на кралчето и стрпливо да ги дебне несреќните пилци.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Не ќе сториш, безбели, како Настрадиноџа, да сечеш гранка на која седиш.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Не! Не можам, па што сака нека биде!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Опојните, кристални звуци што, преку ширум отворените прозорци на колипката, се протегаа кон ниско наведнатите гранки на костените, преплетувајќи се со отсјајот на носталгичното септемвриско сонце.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Гранките на дрвјата висеа испокршени како громови да удриле во дрвјата.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Падна една зима како мртов месец капна една зима како заклан страв Врвот од забите песни не изостри за голите гранки на погледот но пролетта ја наслути и ронливиот мак на тенката усна на детето на устата барање устата глад Капна таа зима како згазен страв Капна една зима како згасен месец
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Гранката на чекањето мое не ќе шуми по средбата наша.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Но и јас сум гранка на брегот од животот што расте па колку да ми се смрзнати и румени и нејаки прстите ја сечам таа одвратна лизгава маска од мов црпејќи сили во споменот на нешто зелено зелено (ДОЖДОВИ)
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Уште е отворено прашањето дали ветрот има сенка и до кога ќе трае пирот на ветрогоните и бездушното гмечење на плодовите на сите муренки во светот. на кората на стеблото на белата муренка е втиснато ракувањето со иднината: бело пиле со црвено перче од највисоката гранка на белата муренка севезден пее за мугра ведра на исла негра.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Од највисоката гранка на белата муренка црната птица уште еднаш ги пребројува мртвите тела кои пловат по маночо и живите рани обложени со вистински воздишки.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Од гранката на старата слива се обидував да гледам кон спротивната страна на селото, каде што беше куќата на неговиот дедо и да го здогледам него како игра во неговото маало со другите деца.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Само летно време, играјќи брканица, децата се криеја во неа, а наесен немирникот – ветер кога ќе зашумеше во оголените гранки на тополите, и ги кубеше сламените старечки плеќи, се напињаше да ја одвее, но Аврамовата колиба зачудо долго време се додржа и остана сред бавчите како спомен на страшниот полјак со големи обесени мустаќи.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Ми текна тогаш: „Ја сечам гранката на која седам“!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Се слушна топот на коњски нозе - од другата страна на полјанката се подраширија гранките на елките и боровите и од нив излегоа тројца коњаници вооружени до заби со пушки, пиштоли и остри ножеви.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Перса ја отвори куќата, ги лсна светилките, една блесна и врз масичето закачена високо во гранките на јаболкницата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Конечно, од неколку години наваму, се појавило главно во Русија, трето мислење... вистина е, според него, дека последниве (Словените) несомнено им се сродни на обеве националности (бугарската и српската) и претставуваат одделна гранка на големото словенско семејство...
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Можеби и вие, гледајќи го снегот како свечено ги кити гранките на дрвјата, сте ја шепотеле некогаш таа песничка.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Есен е. Во нашиот двор од негде ќе заскита ветерот и ќе ги заниша малку гранките на црешната.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Гласот доаѓаше од високо, од гранките на трнот под кој спиеше Полжавот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)