грб (имн.) - му (зам.)

Жените зад грб му се потсмеваа: - Женско петле. Малку како нетокму е.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Човекот имаше палто на ислужен железничар, а на грбот му беше легнато, небаре самар по мерка, крупно плетено и со земја набиено вреќиче.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Лежел така човекот, грбот му се покрил со пликови и баботинки, од тилот косата му паѓа. Не се мие и не се бричи.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Од студ или од глад, влакната на грбот му се кострешеа.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Секогаш, сегде, пролетта е настан, трепери во роса, ‘ртот клас и ластар.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Вакви особености не можев да забележам кај мене секако затоа што бев зафатен со другите и премалку се контролирав, кај Димка, едноставното и глупаво момче и кај полугладниот, издрпан студент, апсен на првиот ден Велигден, кому зад грб му се потсмеваше дебелата жена на инспекторот, покриена со голема сламена шапка и слична на отровна печурка.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Гледајќи го Ренди во присуство на татка си - како лицето му се затегну­ваше и грбот му стануваше крут - слушајќи ги експлозивните, примитивни звуци што тој ги 84 okno.mk испушташе наместо говор, можеше да се види дека гневот на момчето беше вон неговата контрола и разбирање.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)