грб (имн.) - ѝ (зам.)

Грбот ѝ беше како кадифе, ушната школка потреперуваше како веќе да го очекуваше неговото милување.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Грбот ѝ е прав е нежен.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Тогаш беше млада, ама грбот ѝ беше свиен од веднењето, беше хронично уморена и заспиваше пред главата да ѝ ја допре перницата.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Пред да ја обземе нагонот на патувањето, - продолжи Игор Лозински, - на патот кон обновата и смртта, јагулата има светло сребреникава боја, а во мигот на тргнувањето грбот ѝ станува темно зеленикав, речиси маслинест, за на крајот да стане црн, но сјаен, а од страните на мевот ја задржува светло сребренестата боја.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)