гргор (имн.) - од (предл.)

По долго слушање на гргорот од стерната, тој неразбирлив јазик на утробата на земјата, татко ми забрзано се враќаше по истиот пат.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тоа што вие го слушате како шумол од костенливо листе или како гргор од дулците на чешмите, тоа е мојата молитва, Гласот мој. А мене не ме гледате.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
И така се сфати, и така се постапи; со тоа што виното запнуваше пред да се постави јадењето, а со јадењето само почна да се лизга, додека на крајот и без јадење се налеваше во грлото како гргор од изворска вода.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)