греда (имн.) - и (сврз.)

Лакомите, студеникави, разиграни и љубопитни очи на Тинка, вковани во таванот на земјанката, се чини, со погледот ги потпираат гредите и камењето.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Најпосле, на почетокот од октомври, ми се чини беше деветти во месецот, чистејќи ги отпадоците во потонските простории што беа ги оставиле копачите од Пустенец додека спиеја долу, завлекував рака и покрај голите и потемнети греди и, исто така, и во ќошовите на ѕидовите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тој слушна како неговото треперење вибрираше спроти ребрестиот метален покрив што беше закован над гредите и спроти ѕидовите, со своите разголени клинови слични на ребра.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Порано Бојан често ќе се вовлечеше во плевната, па ќе лежеше во сеното или ќе се катереше по гредите и одозгора се ѓувкаше во тој дебел, зелен мек душек.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Дури го учел Божин Силјана сина си, се пулел во гредите и во ѕидовите, чунки како крв му се гледаше татко му пред очите кога го учеше.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
На тоа место каде што ја најдов црквата порано бил орман со стари тополи и врби; требало дрвосечачите да пристигнат, да ги кутнат дрвата од кои ќе избичат штици, греди и друг дрвен материјал за да почне да се гради црквата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А да не зборувам за тоа дека требало и врата да се искова за да можат да ме стават пред црквата рано в недела и тоа по пелени.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Некој на рамо, некој со волови влечкаа во селото греди и дрвја за да ги поправат пак куќите.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
А вие што работите тука? - Ние сечеме греди и трупови за штици и ги продаваме долу во полските села - одговори вториот.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Тој со мајсторите редеше нови греди и чатма.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Тогаш нешто скрцка на гредите и мајка рече дека тоа ангелот ја повел душата од татка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)