Кој плаќа сега за поведението и грешките на Бугарите, ако не ние Македонците?
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Грешката на природонаучниот сциентизам е во тоа што ги претвора личностите во предмети, со попредметување коешто само по себе не претставува вистинска природонаучна постапка.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Првиот бог од безлични нешта создал живот, вториот бог од животот се мачи да ги избегне грешките на првиот бог.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Значи овде настанува лапсус, грешка на Богот наш семоќен.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Ненадеен здив на попладневен ветар го смекна да не пламне, да не ја испцуе жената, навидум старица, иако постара од него само неколку години. Така е, само луѓето, тие и ништо повеќе, можеа да бидат грешка на природата, зло, свое и нејзино.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Орце „беше роден за водач, имаше еластично-заповеден дух“ и бил извонредно строг кон најмалите отклонувања или грешки на своите другари, дури кога тие биле направени несвесно или случајно.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Размислуваше за ситните настани, ги откриваше грешките на луѓето, растрчани и растргани во оваа пеколна драма.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Информбирото веќе донесе Резолуција за грешките на југословенската партија.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
„Работиме за да ги поправиме грешките на некои од нас. Нема корист да истражуваме кој е крив...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Или можеби непредвидена
грешка на возвишеното
со која се разбива монотониот од
на цивилизацијата
назадечкум!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Скрши ја мерата, Боже
вишокот ја одредува цената на луѓето
грешката на знаењето!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
- Уште ќе ги браниш грешките на мажот, прашува војводата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)