губи (имн.) - на (предл.)

Губењето на смислата за хумор е губење на смисла за живот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
И ова беше еден нов вид дарежливост во неговото искуство, едно губење на своето себе што значеше себедополнување, давање за да ти се врати, ако повеќе си дал, повеќе си добил.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Во последните неколку дена болката премина во болест, постојана болност, која со своето будење донесуваше болки во мускулите, гадење, губење на апетитот, обилно потење и отоци во зглобовите.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
- За мене, самоубиството е губење на време.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
А тоа, пак, ќе значеше губење на скапоценото право што им се гарантира на истражувачите во едно слободно општество: правото да го следат своето размислување, каде и да ги одведе.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Интересот на државата за дистрибутивна правда секогаш потешко добива легитимација - тоа е рецепта за изборен пораз.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Со изборот на пазар кој едновремено се движи кон центарот на самоконституцијата, социјалната интегра­ција и системската репродукција, пазарните стандарди тежнеат кон тоа да доминираат над моралната одговорност или да ја заменат, а една од последиците е губењето на одговорноста за оддалечениот странец - без оглед дали тој се јавува во ликот на денешните сиромаси или во идните генерации.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
6.  Инвалидност постои кога кај осигуреникот, поради промена во здравствената состојба која не може да се отстрани со лекување, работната способност е трајно намалена за повеќе од половина во споредба со физички и психички здрав осигуреник со исто или слично образование и способност [професионална неспособност за работа].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Инвалидност постои и кога кај осигуреникот поради промени во здравствената состојба, која не може да се отстрани со лекување, ќе настане трајно губење на работната способност [општа неспособност за работа].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)