- Арсо се задишува. - Би му ги искорнал дамарите на секој, со заби и нокти, кој би му попречил.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
- Доколку сакаш. Орлен Шумков со недоверба го гледал.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Умрел ли туѓинецот во тој Онисифор Мечкојад, испарило ли од неговата крв сеништето со дамари на неспокојство и поттикнувач на бес и самоволност? Не, можеби тој нешто смислувал.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Искри секаа на сите страни околу мене, се искреа низ дамарите на крвта, месечеа попреку, однапред, секаде, на парчиња месечеа... убивајќи ми ја надежта!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
И се чини, дамарите на дрвото галопираат кон местото што го допира месото на боските млади.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Беа две огромни скоро валчесто исплетени рачишта на кои и на крајниот член на дебелите прсти стоеше по една киска влакна, а обете имаа по еден набабрен зрел грозд дамари на наддланката.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Понекогаш, ноќе, додека барав и запишував реченица по реченица на овој реквием, чин на почит кон мртвите на кои им се восхитуваме за нешто од нивниот живот, ја замислував во полутемнина и во златна рамка како дело на стар мајстор, висока и чедна како Ерменка (сеедно што можела да биде од словенско или еврејско потекло), во темнолилав брокат или сомот од кој нежно се одвојува син појас; незините полуотворени усни се вкочаниле во миг на воздивка, градите под низа на бел корал или балтички јантар живи се но не дишат исчекуваат нешто, сепак, тукуречи како на чудотворна слика, дамарите на нејзиниот долг врат го отчукуваат времето на онаа вечност што не може да се нарече и враќање; рамениците стегнати во шал од кашмирска ткаенина се тесни, историјата не можела долго да се потпира на нив.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)