- Мојот дар за вечерва е искрата, а тебе ти останува да го разгориш огнот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ќе ги ткаеш даровите - за свекорот, свекрвата - за деверот, за нункото - даровите за сватови.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
И не пренесувајте глас - црна чума, нека мајките ткаат руби невестински, во ковчези нека збираат приќе, нека месат колачи - покани и дарови за свадби нека токмат и нека диплат пелени и лулки од таван нека симнат...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
И сега Стојанка ја пречека Митра во црквениот трем, си ја одврза шамијата со дарчињата за крштеничето: кошулче, минтанче, чорапчиња и тулбенче, и беше готова. Само чекаа на ред.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Луѓето од Езерец уште од зори се приготвуваа да одат во манастирот, да му запалат свеќа на светецот, да му се помолат и да купат нешто на панаѓурот; во селото врвулица: излегуваа луѓето од куќите, се меткаа по дворовите, се собираа и тргнуваа; секој носеше по некој дар за манастирот: овца, коза, теле; тие што немаа добиток, плачки: кошула, риза, чорапи, бовча, шамија; рикаше добитокот по патот, луѓето се довикуваа, се причекуваа да одат заедно; помладите одеа пеш, а постарите и децата качени на коњи или магариња; некои одеа со чунови по езерото во кои имаа изнаредено плачки за спиење и храна - сето личеше на некоја преселба, збег.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Таа имаше посебен дар за паметењето на ликови и бојата на гласовите.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Од дарови за невестата треба да купиш само нежно син фустан за во матично (во бел нема шанси), дека е со фалинка и таа како тебе ,има напукнат брак, па сронат во стакленца ситни и такви исти ситни деца …неколку.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Сите веќили од селата располагаа со собраните дарови за манастирот и даваа по нешто во општата Сталева ќесија, а таа од ден на ден се полнеше.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)