Јас се осмелив сепак да се надоврзам на последните зборови на А.А.: - Рисјаните и муслиманите многу векови живееле заедно, опстанале низ истиот јазик и судбина, сигурно ќе најдат сили да ја продолжат убавата традиција, во соживотот на верската толеранција која се наследува како драгоцен дар од генерација на генерација!
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Како дар од нејзините жители и од Акиноските, понесе пет канти со мед, пет канти со овча маст, толку со сирење и восок, неколку јунци и повеќе шилежиња - за да има пресно месо до дома, до Константинопол, а како спомен од себе, покрај двете смртти на браќата Акиноски, го остави и она одликување кое во домот на Акиноски, во едно дрвено ковчеже, заедно со други семејни реликвии, на полиците во гостинската одаја се чуваше до целосно пропаѓање на Имотот, во времето на распуштањето на колективите.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ова купче топлина крај мене, па баба Петра и дедо Костадин, мајка Роса, златните сестри Чана и Милка, Танаско и Пена, зар не се дар од Господ?
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Тоа утро ридот зарумени од изгрејсонцето, и најавуваше убав ден, ден над деновите, ден кога се роди тоа мало суштество, дар од боговите дар од природата мајка...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)