Перцето ја кинеше хартијата на ситни ленти и распрскуваше мастило насекаде по излогот и рекламата, која и покрај тоа и понатаму можеше да се чита.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Од суштествени причини: единството на сѐ она што денес може да се постави како цел, преку најразличните поими за науката и писмото, секогаш, во принцип, повеќе или помалку кришум, е детерминирано од една историско-метафизичка епоха; ние го наѕираме единствено нејзиното затворање /clôture/. Не велиме: крајот.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
3. Една вечер шетав по булеварот Холивуд, без некоја одредена цел. Застанав пред излогот на една печатница.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Овие вредности несомнено му припаѓаат на системот чие распаѓање денес се покажува како такво, тие ги опишуваат стиловите на историското движење кои - како и самиот поим на историјата - имаа смисла единствено во рамките на логоцентричната епоха.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Со помош на некој механизам едно перце висеше во воздухот и како што една ролна хартија, исто така со помош на механизам, поминуваше покрај него, така перцето ги правеше истите движења кои ги учев во третто одделение основно училиште при вежбите за убаво пишување. 182 Margina #11-12 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Бил свесен за британското губење на влијанието доколку на власт во Југославија дојдат претставниците на партизанското движење кои се комунистички ориентирани.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Уште повеќе, што тие согледале дека со нив треба да се разговара како со рамноправен партнер, пред сѐ, со движењата кои биле предводени од комунистите.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Еден од начините на коишто овие реакции можат да се посматраат е и „судирот” на теориските движења кои понекогаш се означуваат со имињата „модернизам” (како „заштитен знак” на колонизацијата, хомогенизацијата и универзализацијата) и „постмодернизам” (како отклон од модернизмот и обид за укинување на секоја хомогенизација и универзализација).
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Но, по тактот на таа музика играа двојки, играа до бесвест, правејќи чудни движења кои прилегаа на тие од сечачите на дрво кои, предизвикувани од грамафонските стереозвуци, некогаш беа толку засилени што изгледаше дека ќе го разнесат на парчиња сиот клуб.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Кога ме гледаше, клепките ѝ трепереа со едвај дофатливи движења кои само јас можев да ги забележам.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Богдан немаше одговор на ова прашање, но тоа природно му се наметнуваше, не толку кога ќе беа в кревет, исполнети со себе и доволни сами на себе, изделени од сиот друг свет, колку во миговите кога ќе го гледаше нејзиното голо тело низ објективот, работејќи на фотосесиите кои госпоѓа Мариела особено ги љубеше (во спалната, во кујната, во купатилото, на дрвените вртени скали меѓу едниот и другиот кат, на пространата тераса обрастена во густеж од бршлени) кои траеја долго, исполнети со сласт на себеоткривања и дооткривања еден со друг, со лес на дишење, со движења кои беа нечујни, со поместувања низ амбиентот кои беа спонтани и хармонични, во атмосфера која беше пријатна за двајцата, што, всушност, значеше предигра за она што потоа следуваше: да се спојат нивните растреперени тела во долга и страсна љубовна игра до исцрпување.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Хаваи. Тахити. Тешко дека веќе можев да ја распознавам музиката, но таа неодоливо потсетуваше на плажа и лесни неоптеретувачки движења кои се трудев да ги погодам пред да ме затресе тектонски, еруптивен вулкан.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Ѝ го гледав грбот; гледав како дише, гледав како ѝ се поткреваат градите, одзади гледав како ѝ се шират ребрата на градниот кош („како на кораб дотогаш неосвоен од туѓ морнар“, напишав во една песна); гледав дека е сосема свесна дека ја гледам и дека прави милијарда мали и непотребни движења кои ме излудуваа.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И дека ќе станам маж – без непотребни движења кои ја истакнуваат технологијата на љубовта.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Какви ќе бидат консеквенците? E-mail комуникацијата го намалува значењето на традиционалните структури на моќ во државата, во компаниите, но и во алтернативните движења кои често се бирократизирани.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)