Визуелни и непознати движења низ своите тајни тунели, од таму почнува се и не можете да го изневерите животот мора да му останете верни.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Да го предадете сопствениот живот и сопствените надежи, плашливци од најлош вид.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Меѓу опциите в била во оптек и таа тој да се испрати преку Првата македонско-косовска ударна бригада, а потоа да се проследи доГлавниот штаб на НОВ и ПО на Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Меѓутоа, поради бугарската Пролетна офанзива, Главниот штаб на Македонија се наоѓал во постојано движење низ Источна Македонија, со што се одложило спуштањето на мајорот Скот Дикинсон.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
АНГЕЛЕ: (Го вади цилиндерот. Покажува дека е празен. Прави со него движења низ воздухот. Одеднаш од него го вади гулабот – мртов. Тишина. Пауза.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
БОЖО: Законски е забрането движење низ ходниците.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
- Кое е девојчиштево, што сака? станувале недоверливи. Срцата им биле опфатени од неспокојство.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
А таа, Ганка, била испиена, со преголеми очи од глад и со гребаници по лицето и по рацете од ноќно или скриено дневно движење низ боцкави грмушки.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Воз во движење низ населени предели, покрај река и дрвја. Писок на локомотива.
„Го сакате ли Дебиси“
од Лазо Наумовски
(1973)
Тој правеше сѐ помалку и помалку работи, додека на крајот одвај ќе го подигнеше прстот за да стори нешто за себеси.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Овие „работи” се чини дека се оние движења низ кои поминуваме правејќи ги нештата што ги именуваме како: станување од кревет, облекување, вршење нужда, откопчување и закопчување, миење раце и лице, бричење, миење заби, чешлање коса, одење, седнување, подигнување чаша, сечење парче леб, мачкање на леб, ставање во уста, голтање.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
„Си фрлате жарчиња?“, ѝ реков додека се трудев да ги следам со моите тешки нозе нејзините пердувести движења низ брановите на музиката.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Многупати во животот, при патувањата со вистински големи и брзи возови, кои го надминуваа и покриваа нашето вовче, тоа ни се враќаше и остануваше засекогаш во движењето низ тунелите на нашето сеќавање.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)