Набожно се гледал себеси во светлост на идни божествени зори и ги пцуел четворицата шутови на своето подбивно кралство.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Она што вистински го изненади беше фактот дека дворот му е пак послан со кучешки измет, скоро колку и вчера.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Самопочитуваните тревари Никола Влашки и Пандил Димулев го следеле со машки разбирања оддалечувањето на оној чија лузна преку окото веќе двапати му ја преврзувале и го жалеле неснаодливиот млад и убав Куно Бунгур на кого во манастирскиот двор му се насмевнала жената на сургунисаниот маж.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)