двор (имн.) - од (предл.)

Пожарникарите брзо се симнаа, грабнаа шмркови, скали, секири и се втурнаа во дворот од Митковата куќа.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Обично бате Јоле си играше во дворот од конаците околу црквата или тука некаде кај гумното и најмногу ако се оддалечеше до под конаците.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
По извесно време дојде комисија од двајца инженери, ја прегледа куќата, го проверија земјиштето на кое лежи и констатираа дека куќата лежи на растресито земјиште, дека во нејзината близина тече река која е суводолица и во време на буици го подлокува коритото накај куќата; во дворот од куќата има бунар длабок 6 метри, чија вода е матна од пробивањето на реката или од подземните води кои тлото под куќата го прават нестабилно.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Така, на пример, ми станува јасно дека: - менувам долна облека со различно темпо: гаќите по два пати на ден, маиците еднаш неделно - подзаборавам некои француски фрази што некогаш солидно ги употребував, па наместо „trois heures moins quart“ велам „deux heures quarantecinque“ - бричењето наутро ми се одолжува на 40 до 45 минути - минатиот понеделник едноставно ми попречи постоењето на борот (засаден во дворот од татко ми на денот на мојата мала матура, пред цели 30 години) и морав да го дадам да се исече, зошто одеднаш паднатите иглички почнаа да ми ги затнуваат одводите за вода на покривот - не можам да догледам 60 насто од театарските претстави и 80 насто од филмовите, а опседнат сум од хорор сцените на ТВ екранот, во кои што ѕиркам до доцна во полноќ со глава пикната под дланките.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
„Nevada“, во следната секунда, покажуваше 18:40:15. бројките на рускиот часовник беа големи, светли врз темна основа,па во склоп со металниот ремен, изгледаа некако стабилно.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Сите млади коњарки беа дошле во дворот од Силјана за да ја гледаат радоста; сите се радувале и се веселеле; само Силјан штркот стоел на таткова си куќа омаудрен со главата в земи, од голема жал што му дошла, дека ја гледал од сестра си свадбата.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Така и Ангеле стана јаничарски ага на дворот од Мехмеда и не еднаш си разговараа со својот господар. – Паметиш ли нешто Арслане, од твојот вилает?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Во дворот од училиштето војниците на „Велика Б’лгарија“ го чистеа оружјето и погледнуваа кон патот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)