Делењето на сојовите продолжи, тогаш беше и најсилно, и во времето кога во Македонија почнаа отворено да дејствуваат странските пропаганди.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
— Добро, Толе, добро. Ич безгајле биди од таа страна — му одговараше Јован и се колнеше во арамиската чест дека ќе биде чесен при делењето на пљачката.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Востанието не го донесе делењето на Македонија: тоа е позитивниот резултат од него.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Само согледувањето на тие своеобразни црти во карактерот, наравите, обичаите, животот, преданијата и јазикот на нашиот народ е важна причина да сме ние против делењето на нашата татковина и за нејзината автономија, зашто дележот ќе ни искорени сѐ што ни е мило и ќе ни наврзе многу противно нешто на нашиот народен дух.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Зборот ми е за делењето на Македонија меѓу малите балкански државички.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Но оваа година ни покажа оти историските околности никојпат не ќе дозволат да се соедини цела Македонија со Бугарија; сега за Македонците и Бугарите останува едно од двете: или делење на Македонија меѓу балканските државички и со тоа загубување на 2/3 од Македонија за Бугарите и Македонците, или полно пресечување на врските со Бугарите и поставување на македонското прашање врз наполно неутрална, чисто македонска основа.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Јаничарите дефилирале по градските улици носејќи ги тепсиите и по враќањето од султанската палата, тепсиите се поставувале на земја и следел невиден метеж и мала битка за да се приграби што повеќе баклава!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Делењето на баклавата се одвивало според една озаконета традиција (baklava Alayli).
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Цртачот на стрипови, драги глувци, можеби не е „лекар на убавината”, каков што беше, да речеме, господинот Леонардо, но ги секцира „нештата” на таков начин што неодоливо ги привикува аналогиите како на првите анатомски маси на Версалиус, така и на бесконечното делење на материјата со судирање на честиците, или на господин Вазарели, да не одиме понатаму во декоративното минато.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Разбирање немаше, зашто одново заживеа злата крв што во нивната фамилија влечеше корен од порано: нивните дедовци (браќата Видан и Блашко) при делењето на куќата и дворното место, зафатија кавга околу орешката што беше на меѓата: и едниот тврдеше дека му припаѓа нему, и другиот; започна жолчна караница во која обајцата се избодија со ножеви и обајцата подлегнаа на раните; ги закопаа во гробиштата еден крај друг во семејната парцела - како браќа.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Пред повеќе од 25 илјади години сме започнале со камени ножеви и на крајот на краиштата сме стигнале до делење на атомите.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)