Тој тргуваше со нив како Јаков Евреинот со јагнешките кожи.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Рифат од Острец над Битола се соортачи со Расима и ги прати неговите качаци некаде по Арнаутлакот и тие за неколку дена донесоа секој по две три пушки, купени по половина лира или опљачкани од колибарите; Рифат му ги продаде на Раифа по лира, a овој на Митрета по две.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Освен тоа, мајката Перса пред некој ден донесе единичен железен кревет со миндерче само за Пела, рече Не е ред оваа голема мома која ќе заоди на училиште да спие со мајка си! и беше заклучено со денот на заодувањето на училиште таа да спие во своето креветче од месингани цевчиња што светеа како злато.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Стариот Ристе се растрча да бара леб барем за децата, но во општата бедотија со триста моленици и плачки одвај за неколку дена донесе.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)