Таму секоја гостинка, макар на еден или два дена дошла, ќе оди и ќе се запознае со другачки и еснавки од Витолишча.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Бино знаеше каква е работата со Крлета и Анѓа, но пак напиша молба и ја прати до училишното настојателство во Прилеп и за десет петнаесет дена дојде одговор: да плати поп Петко две лири годишно ќе биде примнат син му Крсте во пансионот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Еден ден дојде кај мене во училиштето дедо ти, изброи рамно сто жолтици и ми го раскажа ова што јас сега тебе ти го раскажувам.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
И кога Толе еден ден дојде во Полчиште, Митра му ја остави пушката и четничките алишта на Бешот, се облече во женски алишта од ќерка му Петра, и отиде кај браќа си во Витолиште, да си ја оплакуна горчливата и несреќна љубов по арамијата Толета. ***
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Валијата му го препрати писмото од мудурот со извесна напомена дека ја истргал војската без да сврти работа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
На сцена стапува директорот А.А. специјално тој ден дојден во музејот.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Тој ден дојде кај мене мојот другар, познат Специјалист за чудни болести.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Еден ден дојдов до избраните дела на Марко Цепенков.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
По неколку дена дојдоа роднините на мама.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Дрвјата се изнакитија со пердуви како снег да паднал. По неколку дена дојдоа нови птици.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Денот дојде полн со шумови и движења.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Јас со тракторот уште претпладнето оној ден дојдов кај браната, каде што се држеа говорите и седев во тракторот и чекав.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
21. Еден ден дојде Василис Барџотис, политички комесар на главниот штаб на ДАГ.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тие денови дојде и жена му од Полска.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
III. Денот дојде неодреден и сив, како некој што долго се двоуми дали да влезе.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Беше предложен и тие денови дојдоа документите од Околискиот комитет.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
По два дена дојдоа некои во униформи, други во цивилни алишта.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Не чекаше одговор. Рече: - Ќе ве вратиме, магариња, пак во Романија. Да јадете таму мамалига!
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Зборуваше долго. Прекина за миг и потоа покажа на планините и рече: - Зад оние планини утре ќе се води тешка борба.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
- Четир... петнаесет...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
А еве зошто: Пред неколку дни дојде друга група Италијанци.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Другиот ден дојде градежна механизација - четири булдожери - и просторот за кусо време беше срамнет.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Еден ден дојде мажот ѝ и ми рече: Миле, сега за извесно време немој да доаѓаш кај нас, зашто слушнав дека комшиите решиле, следниот пат кога ќе дојдеш кај нас тие да те грабаат, со сила да те земат.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
По едно десет дена дојде татко ми со овците од планината и кога ме виде прво што ме праша беше: Што ти е, дали си болна?
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)