Попот, бидејќи секој ден имаше работа со господ и знаеше колку е голем овој, се најде поласкан од Јована што го спореди со него и реши да му помогне на својот стар пријател, Иако за овие три години се „посрби“, за која постапка и го намрази.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Господе, какво погано време беше тоа, и какви погани луѓе беа тие.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
А наредниот ден, уште со темница, ќе се растрчаа по ридиштата низ шумата, во полето низ житјата, ливадите и бафчите, и ти цел ден има да си слушаш пукотници, ловџиски рогови, лавеж на `ртки и загари, а преквечер, пред зајдисонце, со полни ранци убиени диви животни и птици, преку рид се спуштаа кон старата железничка станица и оттука со воз си заминуваа, јали во Прилеп јали во Битола.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
- Секој ден има да се раѓаат клонирани деца кои на 3 години ќе дигаат тегови од 150 кила, ќе тепаат диви свињи со голи раце, а на 9 години ќе маваат по литар Балантајн.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Тие дни имаше многу банани и портокали, а секој берлинчанец се трудеше да ги наполни што повеќе торбите со ова јужно овошје...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Покрај сета убава храна што тие денови имав можност да ја пробам во семејството и да се уверам дека француската кујна нависта е извонредна, секој ден си каснував по едно од тие колачиња.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Проститутката уживаше во сопствениот одраз од излогот на стоковната куќа на главната улица, на која само тој ден имаше право да ги сопира несовесните возачи, елегантно кревајќи го знакот „Стоп“ и дувајќи во свирчето, толку меко, речиси нечујно.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
XXIX Свинската чума одново се јави во селото, зафати да се шири, и од свињите да се пренесува на луѓето: започнаа луѓето нагло да умираат; секој ден се огласуваше камбаната, секој ден имаше погреб; заразата се ширеше од еден на друг: ги зафаќаше луѓето силна треска, висока температура, огница, паѓаа во бунило, им се воспалуваа дробовите, им се надуваа очите, по кожата им се нафрлуваа темни дамки, бубулки, кои расцутуваа во гној и се распаѓаа; им се воспалуваше грлото, кашлаа непрекидно и длабоко како да рикаа корнејќи ја утробата; им отекнуваа жлездите под пазувите и на вратот и не можеа да се помрднат; жлездите им загнојуваа, им ја труеја крвта и умираа во тешки маки.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Тие денови имав работа во центар на градот и се изнервирав кога видов купишта споменици што се прават: „Онаму од кај што излегов… луѓето се лекуваат под ненормални услови, во никакви болници…
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Навистина, тие денови имав некои посети за кои би се рекло дека беа вистински посети, не просто поминување- заминување крај дворот или низ дворот.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Неговите денови не беа поразлични од ноќите, но сепак деновите имаа танки мали прозорци, како пукнатини, низ кои необични интервали од замаглена светлина навлегуваа во темнината.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Деновиве имав несоница. Можеби токму поради месечината. Така велат.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Со оваа дистрибуција сè е неизвесно.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
По цел ден имам работа. Нон-стоп.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Според одреден план, момчаците без поделени во три работни групи.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Таму утрата и деновите имаа едно име – вечен мрак, во кој сончевата светлина беше само спомен и сеќавање на едно блиско минато.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Само уште неколку дена имаше до крајот на годината и јас веќе, што се вели, ги имав фрлено книгите настрана, а брат ми, глава да не крене од учење.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Ден има напретек, сонцето уште не е паднато.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Само што мигнал малку, нешто главата го болела, пред еден ден имал тешка операција во болницата и од тоа уште не можеше да се ослободи.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Така вечерта и Пеце си дојде дома и после со денови имаше што да се раскажува.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)