На патот секој ден работиме. Од зори излегуваш и цел божји ден не смееш да ја испуштиш казмата, лопатата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Така, на пример, деновиве работам како аѓутант на младиот принц од Саудиска Арабија - дење го возам наоколу не би ли некако ја заситил својата досада, а навечер крстосуваме по скриената страна на градов во потрага по нешто што нему му недостига.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Она што не му успеа нему и на неговата Пена кога одеа на посета во тесното подрумче, како да му успеа на синот на Борис Биџов, сосема попатно спомнувајќи дека за последен ден работи таму, си нашол место, амалско, во тутуновиот комбинат, а тоа беше доволно Пелагија тоа да го прифати како идеја.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)