Баш пред некој ден читав во еден весник дека, замисли, во еден град кој се вика --- Македонија! --- во државата Алабама, отвориле ново основно училиште во најмодерен стил.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Чанга тие денови читаше книги за козите во светот, за да може да ѝ го најде вистинското место на домашната балканска коза.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Замислете, деновиве читав една статија во која се раскажува дека во ателјето на Драган Соколовски, во Козле, подолго време, навечер со џип доаѓал човек за позирање, и таму останувал долго во ноќта.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)