Секој миг во денот ѝ беше исполнет со мислата за нив.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Како ден ѝ беше јасно што може да ѝ донесе само еден непромислен чекор.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Со денови ѝ се мешаа од една страна очајот, стравот и ужасот и иднината и љубовта од друга.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Сенарот, еден ден ѝ се исповедал на својата жена и рекол дека од инает не сака да му ги даде парите на јагленарот.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
11. ПРАВЕЈЌИ СИ ГИ ВЕЃИТЕ СИ ИЗВАДИ ОЧИ - што ќе ѝ се нејзе, нека другите ги видат, и онака штом љубовта тепкаво ја срочи таа виде: само светли денови ѝ идат ...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Мама Пелагија секој ден заминуваше на работа во Монополот, а баба Перса, односно Мајката Перса, денот ѝ го посветуваше нејзе.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Гијом го чувале бабата и дедото, и секој ден ѝ пишувале.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Значи ништо чудно дека забележала оти денот ѝ се скусил додека го минувала сиот овој пат за да може да разговара со мене.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
По неколку дни ѝ замрел здивот, како и гласот, арно ама неподвижните гради не ѝ загубиле ништо од благото изворско изобилие, и заспаното дете во вдлабнатините на нејзините боски сè уште го слушало нејзиното срце.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Дури тогаш се збрчкале исушените гради и на камениот раб наскоро останало само купче прав.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)