Благословено Пелагијо, една од светите маченички, и јас страдав тој ден заедно со вас како што страдам секој ден со сите страдалници на светов!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Синот на Тајко почна во пазарните денови заедно со нив да се враќа од градот.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Првпат сте со денови заедно и толку многу неподносливо сами (но тоа за среќа нема долго да потрае). Секс, секс, секс и само секс.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
Неколку дена заедно сновеа, заедно пееја. заедно мечтаеја и борбени песни пееја за Македонија, ама остана лути многу разочаран кога виде дека командата на македонската војска од вардарско одби да ги прими младите Костурчани кои масовно сакаа да ѝ се приклучат и се чудеше и се прашуваше и себе си и другите зошто некој не сака да се направи една македонска војска?
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Добро, таа ќе спие и можеби некое време доцна во денот заедно со сите, или со половината од децата, ќе дојде да го посети и ќе седне под сенка наблизу, тргајќи долга цигара меѓу модрите усни, но тој што ќе стори? Дали ќе се разбуди?
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)