Вистина, остана еден печат на преуранета зрелост на нејзиното лице, што пред тоа го немаше, една одвај видлива сенка на староста, прв бран на созревањето, и јас знаев дека тоа веќе не е онаа моја Луција од разбојот, од гимнастичката сала, тоа златно дете чии носници се ширеа по доскокот како кај уморно но весело коњче; но бев среќен што тоа е сепак Луција, макар и една друга Луција; ми се чинеше дека сум задоцнил, дека нешто ми е одземено од првата за да ја добијам оваа втората Луција, но мојата љубов во ништо не се менуваше; дури може да се каже дека сега во оваа Луција ја сакав и претходната Луција, и сегашната; јас сега сакав две Луции, и тоа беше невозможно да се поднесува без допир со Луција.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
По свршувањето на учебната година сите ученици — деца чии татксвци имаа сеидба — тргнаа на работа по жетва и вршење. Тргаа и Нешка со брата си Стојана.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Набргу ни се придружи еден постар човек, а се гледа дека бил убав и висок, и ни рече: А бре, деца чии сте вие?
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)