Сето тоа пак, беше во функција на задоволување на „нагонот” да ја појми сопствената креативност, т. н. (од него самиот) „un mystere totale”.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Јас ги поттикнувам да зборуваат за своите проблеми, преку слободни асоцијации, низ спонтан разговор, за да можам да стигнам подалеку од симптомите на нивната болест – до траумите од детството кои заедно со примарните нагони се закопани во нивното несвесно, и така да дојдам до вистинско разбирање на нивните болести и до излекување на пореметувањата кои се јавуваат кај нив во процесите на чувствувањето, мислењето и однесувањето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Благодарение на тоа што внимателно ги слушав моите пациенти, дојдов до важни сознанија за тоа како функционира човечкото суштество.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Персоналот, гледајќи ја таа негова блискост со неа, се чудеа и му завидуваа, а особено Којо Пипиле, неговиот другар од детството кој повеќе време е во Пансионот од него, а не успеал ни насмевка да размени со неа.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Неговата фасцинација од визуелната досетливост и богатство на духот кај децата, е поврзана со неговиот необичен личен однос кон сопствените спомени и импулси од детството кои што останатите возрасни така сигурно и претпазливо ги закопале вон досегот на свесноста.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)