А јас кутриот, бев готов уште да им речам дека Сталин заврши како еден од најголемите диктатори во светот, носи милиони, милиони невини животи на душа, на времето дури и склучи пакт со Хитлер, установи концентрациони логори, познатите Гулази, размести народи, забрани вери, промени азбуки на народи употребувани со векови...
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Српскиот диктатор во тој период, во апотеозата на безумјето, му предлагаше на тогашниот грчки премиер Мицотакис, помеѓу Србија и Грција, да нема граници, односно да се подели Македонија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)