диктатура (имн.) - и (сврз.)

На нелегалниот состанок во Охрид (28 август 1936) македонските студенти ги формулирале основните цели на МАНАПО (Македонски народни покрет): будење на националната свест и афирмација на народниот јазик; борба за ликвидирање на кралската диктатура и борба против великосрпската хегемонија; демократизација на земјата и др.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
МАНАПО имал обележје на народен фронт и бил во непосредна врска со македонското комунистичко движење.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
По доцниот пад на сталинската диктатура и стремежот во еден здив да се фати ритмот на новото време, по катарзата на внатрешните пресметки и реваншизмот, по отворањето на половина век затворената земја, овде како никогаш се беше забрзала историјата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Се случува во времето на сталинистичката диктатура и, потоа, во последниот дел на романот, кога следува периодот на титоистичката диктатура, несомнено многу поподнослива и, во секој случај, ослободена од секојдневниот терор.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)