Но, да го знаев тогаш она што го знам сега – односно, дека самиот наслов на предметот ќе го чини Универзитетот на Мичиген речиси онолку време и напор да го брани колку што му требаше за да си ја одбрани доследната примена на позитивната дискриминација во своите приемни политики – сигурно ќе го наречев некако поинаку.
Меѓутоа, откако почна контроверзијата, веќе беше предоцна да му се менува името на предметот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Види и Таше Стрезовски (превод): Правила на судот за работни односи за индиректна дискриминација во работните понуди – Искуства од Велика Британија; Правник – бр. 200, дек. 2008, стр. 12. 22 како и посебните права на родителите, посвоителите и штитениците (чл. 11, ЗРО/05); б) во рамките на антидискриминаторските одредби воведена е дистинкција помеѓу термините „вознемирување“ на работно место – тоа е секое несакано однесување предизвикано со некое дискриминаторско дејствие или акт, кое има за цел или претставува повреда на достоинството на кандидатот за вработување или на работникот, а коешто предизвикува страв или создава непријателско, понижувачко или навредливо однесување; и „полово вознемирување“ – секое вербално, невербално или физичко однесување од полов карактер, кое има за цел или претставува повреда на достоинството на кандидатот за вработување или на работникот, а кое предизвикува страв или создава непријателско, понижувачко или навредливо однесување (чл. 9, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
А тој стана и рече, ”Зарем постои дискриминација во оваа земја”?
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Ваквата новација значеше бришење на дотогашната законска забрана за полова дискриминација во делот на остварувањето на правото на работа каде се нормираше дека и жените и мажите можат да бараат од работодавачот продолжување на договорот за вработување до навршување на 65 години старост; в) Кај прописите за заштита при работата беа воведени две нови обврски за работникот и тоа: ● со измената на чл. 32, освен дотогашната обврска на работникот да ги почитува и спроведува прописите за заштита при работа, како и да го штити неговиот живот и здравје, како и здравјето и животот на другите лица, беше воведена нова обврска, која нормира дека обврска на секој работник е да постапува согласно обуките и „инструкциите“ кои му се дадени од работодавачот, да биде запознаен со мерките за безбедност и здравје при работа и да биде обучен за нивна примена.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Имено, со Законот за заштита и спречување од дискриминација, во глава V – Постапка за спречување и заштита од дискриминација пред (специјализираната) Комисија за заштита од дискриминација во чл. 25 ст. 2 се предвидува дека: „Со претставката лицето поднесува докази и факти од кои може да се утврди актот или дејствието на дискриминација“, со што јасно дава до знаење дека во ваков случај работникот кој ќе се реши за вонсудска заштита од дискриминација самиот ќе мора да ја докажува основаноста на нееднаквиот третман кон него од страна на работодавачот, бидејќи освен фактите, тој ќе биде должен да достави и 16 2.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)