дишење (имн.) - му (зам.)

И дишењето му мириса на манџата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас не слушав туку само пцуев и го држев окото, обидувајќи се да почувствувам дали нешто не ми е во ред со клепката.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Дишењето му е толку тивко што само затворените очи ѝ зборуваат дека тој всушност спие; оној ден кога навистина ќе го најде мртов, претпоставува, очите ќе му бидат отворени.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Очите му се крвјосани. Дишењето му е наврапито.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Како што го правеше тоа, дишењето му стануваше сѐ погласно и погласно, сѐ дури не почнеше да ми го гризе задниот дел од вратот кога почнуваше да влегува во мене.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Некое чудно чувство набабруваше во него, телото му е напнато, сè е затегнато во него, мислиш ќе се скине нешто, а нозете му потреперуваат, дишењето му е забрзано и шумно.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Погледот му го нема и дишењето му го нема. Ниедна жила не му мрда, не му работи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Вилиците му штракаат и дишењето му е тночко, плитко, разредено.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)