Нејзините перформанси на еден вознемирувачки начин ги комбинираат спокојните, банални, секојдневни активности, повредите и болката - голтање на гнило мелено месо додека гледа ТВ-вести во намерно неудобна положба; наизменично ранување со жилет врз стомакот, очните капаци, лицето и рацете додека си игра со тениско топче (Психа, 1974); бескрајно гргорење со млеко сѐ додека исплуканата течност не се обои со крв (Sang, Lait Chaud, 1972); искачување со незаштитени стапала и дланки низ скалички составени од жилети (Escalade Sanglante, 1971).
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Би сакала да ѝ пратам телеграма, пакети, да знам дека ѝ се добро децата или дека нема деца – зашто ми се чини дека таму немам деца – и ѝ треба утеха, сожалување, бонбони.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Што знаев јас за резили, ја следев како што можев, се сеќавам дека ја слушав придушено. Votre âme est un paysage choisi... но си ги гледав дланките низ клавишите и се чинеше дека добро свиреа, дека чесно ја следеа Нора.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Гина Пане е една од уметничките коишто најефектно го поставија своето тело во ‘сржта на емпатијата’, протестирајќи против машката автодеструкција.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)