И покрај тоа што често поттикнува многу комплексно доживување во кое учествуваат скоро сите сетила, дрогата сама по себе не одредува кој ќе стане поет, музичар, сликар или архитект.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Бендовите како Greatful Dead, Doors, Beatles, Rolling Stones, Jefferson Airplane, Mothers of Invention, Dylan и други, кои својата музика ја компонираа и изведуваа под дејство на дроги, ги втиснаа своите психоделични доживувања во културата на младите и врз нив имаа слично влијание како прави курандероси. Tomas de Kvinsi може да се означи како основоположник на модерната “dope” литература со своето дело “Исповед на еден уживател на опиум”, коешто настанало како директен резултат од неговите искуства со лауданумот, препарат на опиумот кој е воведен во терапијата на болни состојби уште од времето на Парацелзус (Paracelsus).
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
И јас, со компанијата, бргу заминав, барајќи нови доживувања во „црвениот“ Келн и, откако го посетив диско-клубот на „Вапенхоф“, не гледав веќе наивно на натпистите на ноќните диско-клубови кои во реонот под мостот на Рајна ги имаше на секој чекор.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Слично на тоа, читањето стана дисјунктивно доживување во кое читателот “се прекопчува” од книга на книга и од жанр на жанр.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Виртуалност Значи, што ни говори погоре кажаното за оној дел на генерирањето на виртуалната стварност што се обидува да го симулира половото доживување во сета негова целост?
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Кога авторот ја внесуваше завршната верзија во својот зелен блок, просто го копкаше да скршне и да се зараскажува за своите битолски перјани доживувања во собите прекриени со чисти, препрани и преистресени черги, бели чаршави, наштиркани миљеа и завеси во кои толку совршено мирисаше на чисто, нарушено единствено од опојниот мирис на телото на обљубената, но тој тоа не си го допушти.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Лошата игра останува како потврда за двајцата пријатели на Греј дека ниту една жена не е гениј и дека тој ќе има уште многу романтични доживувања во животот.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Го открива најромантичното доживување во својот живот.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Пред да заспие, уморна од долгиот пат и бројните чудесни доживувања во одминатиот ден, Елена си помисли: „Заборавив да ги почестам Бојан и Денко... Утре нема да заборавам“.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Вака беше: Откако прилично одамна го добив она писмо од Ивана, во кое таа во детали ми имаше раскажано за нејзините доживувања во Дизниленд, немав мира ни дење ни ноќе.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Понекогаш ми се случуваше да го потиснам мојот копнеж по патувањата во странство, во тие далечни земји во кои никогаш не сум била, ама никогаш не можеше да ми се случи сосема да заборавам на тоа.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Испаѓа како да му се ситам со неизбежното грдо и грозно доживување во моментот кога, откако ќе влезе дома, ќе се сети што го очекува горе во спалната каде што ќе ме најде легнат на плеќи, со устата зината, можеби и полна со муви и со очите оврлени, дека умот ќе му штукне од тоа од што веќе и мене ми се крева косата и ми се гади.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
По подолга тишина, тој самиот почна да зборува за своите доживувања во Југославија, за местата низ коишто минавме, за тоа дека сето видено на некој чуден начин го привлекува, дека секако, под други околности, мора да се врати и дека сето тоа, местата и луѓето, е занимливо, дури убаво, но некако unheimlich.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Во новонастанатата ситуација, основна музичка категорија станува времето, односно траењето и тоа во моментот кога Кејџ, на трагата на Сати и Веберн, во тишината, порано разбирана како целосен музички негативум, открива нова, недвосмислено позитивна димензија на звучност; неговото често наведувано доживување во глувата соба на Харвардскиот универзитет(каде, и покрај апсолутната технолошка тишина, се слушаат два звука, еден висок и еден длабок: работата на нервниот систем и циркулацијата на крвта) го содржи клучот за разбирање на неговиот новововеден концепт во музиката.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
„Многу доживувања во моето ново место на живеење - ново училиште, нови наставнички и еден наставник, другари, другарки - ќе има многу да си кажуваме...“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)