Мала и неважна фигура во политичкиот живот на една мала земја, човек кого судбината едноставно го поврза со предизвикот на големите настани, а тој не се двоумеше како треба да се одговори.“ Професор – доктор на науки Лазар Јовановски.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Еве, пријателче, есенва полнам триесет и верувам дека сум меѓу најмладите, најперспективни доктори на науки во градов.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Овој од вчера е наш нов пациент, - им објаснуваше примариусот доктор на стажантите, кои одеа по него. Дијагнозата ја даде на латински и Томо не ја разбра.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Снежана се сеќаваше на зборовите на главниот доктор на одделот кога ги гледаше нејзините наоди.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ете и самиот наш претседател никогаш не ги демантира новинарите кога му се обраќаат: „Вие сте, господине претседателе, доктор на науки, историчар, книжевник...“
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
- Доброутро! Како сме денес? - им се обрати докторот на тројцата пациенти кои ја делеа болничката соба.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)