Датира од 18, век, а тоа е автобиографијата на Ѓуркина Кокалески - го зедов Спасета од Прилеп и отидов во Загориче.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
На тоа упатува, покрај тефтерот Акиноски, и последниот пишан документ во кој населбата во Потковица за последен пат се споменува со старото име - Загориче.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Тој брзаше да ги завери документите во полицијата, за да може да продолжи со работата.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Таа е чудесна како животот на твојот народ, и како што вели Ел. Верлект: Книгата го претставува најдобриот педагошки документ во кој се опишува интеракцијата на социјалната средина и детето.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Улогата на Татко беше да ги открива, прибира и да го овозможи преносот на откриените документи во централните институции во Скопје.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Не се излажа, во писмото стоеше еден официјален документ, судски документ во кој судот по службена должност го поништува бракот меѓу Рада и Ѓорѓе.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Со денови те гледав како дома ги средуваш документите во повеќе регистри.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Сепак бездруго негде под прав и заборав, лежи документ во кој се објаснува како и зошто му се придружила таа на Дашнакцутјан - Револуционерно движење на ерменците.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Но тоа го прави без да задржи некаква натамошна поврзаност и идентификација со машката геј-култура.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Третирајќи го кампот како свој стрејт-маж, како топовско месо за својата иронија – обидувајќи се да произведе кампска верзија на кампот, така што ја презапоседнува запоседнатоста на Милдред Пирс од страна на машката геј-култура – стрејтерската хипстерска култура ја претвора геј-културната практика во средство за афирмирање на сопствениот идентитет, односно антиидентитет.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ја претвора оваа практика во средство со кое ќе си го заземе отуѓеното гледиште и ќе си ги зајакне документите во прилог на сопствената антисоцијалност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Наместо да присвојува и да настранува главнотековни културни предмети, стрејтерското хипстерство ужива да презапоседнува малцински културни облици, заземајќи некои автентично настрани или дисидентски „симболи и икони“ и служејќи се со нив за да си го консолидира сопствениот идентитет, истовремено изземајќи се – благодарение на својата хетеросексуална повластеност и на својата шизичка свесност – од општествените дисквалификации што, како прво, воопшто и ги побудиле тие антисоцијални облици.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тој ритуал, пак, се случи откако Хана Голдблум, родена Минцер премина во јудејска религија, што беше педантно евидентирано во нејзините документи во кои графата „националност” беше оставена празна, обележана само со коса црта, додека во графата „религија” со краснопис беше заведено „мојсеевска”.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Двајцата стивнато гледаме: колони луѓе по улиците на познати и непознати европски градови, товарење во возовите, стражарни проследувања, растрчани униформи, есесовци, њилаши, усташи, трауматични документи во жива слика, собирани во различни држави, во оној морбиден зафат на уништување цел еден народ од лицето на Европа.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Уште во 1996 г., тие се залагаа Македонија што побргу да се интегрира во Европската унија, залагајќи се и обајцата Рерублика Македонија, уште во 1996 година да го потпише првиот документ во долгиот процес на интеграцијата (Договорот за соработка и трговија со Европската унија), неколку години пред тоа да го сторат Романија и Бугарија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
И сега, кога Татко беше во зенитот на својата потрага по старите отомански документи во кои се сокриваше тајната на идентитетот на семејството, во потрагата по ракописната Атлантида во која се криеше историјата на заминатите и исчезнатите на неговиот народ и другите народи на Балканот под отоманска власт, се префрлуваше во потрагата по природните закони во откривање на еволуцијата на живите суштества во Езерото.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)