Домаќинката на куќата во која Георги живеел под кирија изјавила дека набргу по експлозијата кај „Алхамбра“ видела како тој дошол дома силно возбуден.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Во нашево ново време ќе завладеат и нови техники.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Што се однесува до ковчезите за сахрани, јас најсериозно сметам дека им минува времето. Наскоро ќе се најдат на отпад.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Опааа! — Пречекори Доста и се прекрсти, та влез во Сукаловата куќа да се стори вечер домаќинка на еден од браќата Сукалови.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Сретнав еден таков мајстор, беше дојден од престолнината, мислам Ресенечки се викаше: умее и витрина да обликува, и легла, а и маси и столови какви што користел само некој француски крал.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Навистина жалам дека не сум вешт во резбарството; немам фат за да дотерувам и да создавам форми од кои на штотуку одомените домаќинки на нашите новородени големци ќе им застанува здивот.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)