Но, утре, помисли, утре
добро би ти дошла
една попладневна дремка
фина медитеранска сиеста
- неоколонијалистичка катарса
на почетокот на 21от век
на архаичниот Балкан
(Хемус, алхемија !)
а тој - замисли ! - поделен
на Исток и Запад !
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)