држава (имн.) - бев (гл.)

Но и понатаму тешко се живееше. Давачките за државата беа големи, ништо не можеше да се купи без купон, а сите не добиваа купони.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Бугарската држава беше повеќе со словенско население, но со името на нејзините образувачи, т.е. монголските Бугари.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Така Македонија во нејзиниот денешен вид, до образувањето на бугарската држава беше една полусамостојна византиска област.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Имаше време кога улогите на овие две држави беа обратни, т.е.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Секогаш кога буџетот на државата беше тенок сообраќајците ја запоседнуваа секоја скриена грмушка и со жуто стапче ненадејно ги начекуваа лошите возачи да го наполнат државниот буџет.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Државата беше немоќна пред неа. Партијата беше семоќна.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тој стаса и тука во Битола да се поврзе со еден од поштата, едне Јашарот го викаа, еден никаквец што им ги отвораше приватните писма на луѓето за да не најде пари во нив и едно женкариште до зла бога, кој секој ден со камионче патуваше до Струга и назад, ја носеше поштата меѓу „нашите“ две држави демек префрлаше преку граница од Бугарија во Италија или Албанија, кој ќе знае која држава беше таму и назад.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во ноември 1989 на 17 конгрес на ЦК на СКЈ дојде до израз големата подвоеност меѓу републиките односно националните раководства.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Крајот на југословенската држава беше видлив.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Просторот на земјата, што ја бранеа, не беше поширок од десетина километри, државата беше капитулирана, додека тие ја освојуваа Албанија, сѐ дури некој не им јави дека Германците се наоѓаат веќе во нивните касарни во гратчето, каде што беше нивниот гарнизон.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Денес, економското управување излегува од националната држава поради глобализацијата на економијата.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Националната држава беше единствена институција во историјата, која ги обединуваше економското управување, политичката власт и културната хегемонија.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)