држава (имн.) - има (гл.)

Како што во една држава има државен центар, којшто најдобро е да се наоѓа во средината на државата и кон којшто се собираат сите конци од државниот живот, исто така и во јазиковните или областите од сродни наречја треба да има еден центар, којшто по неговото значење треба да се однесува кон периферните наречја и говори така како што се однесува центарот и престолнината на државата кон крајните окрузи и околии.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Врз нив државата има фрлено анатема.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Иако и самото укинување на казните за уживателите на дрога би дало некои од овие резултати, вистинскиот ефект во криминалот и наркоманијата би зависел од начинот на на легализација на дрогата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Укинување на забраната за користење дрога не би претставувало скок во непознато. Соединетите Држави имаат долгогодишно искуство со прописите во врска со алкохолот и тутунот, додека уживањето на кокаинот, марихуаната и опиумот било дозволено подолго од еден век.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Книгата има точен број страници, државата има точно зацртани граници.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Пропагандите на сите три држави имале една единствена цел да го попречат националниот, културниот и револуционерниот развиток на македонскиот народ и да го насочи во свој интерес.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
За создавањето на македонската држава има повеќе различни податоци.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Грција во Македонија, до 1886, имала отворено 846 грчки училишта, вклучувајќи три учителски школи, една женска и машка гимназија во Битола и др., со вкупно 45.000 ученици.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Како што спомнавме и претходно, и американскиот претседател Франклин Делано Рузвелт бил сосема согласен со Британците дека на Балканот би требало да му се зададе дефинитивен удар на Хитлер.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Меѓутоа, тие биле сосема свесни дека меѓу балканските држави имало голем број национални и територијални нерешени прашања, кои во историјата секогаш биле користени од големите сили, играјќи на картата "раздели па владеј".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Од друга страна, во тој ред на мисли го расколебуваше ситуацијата дека во државата имаше повеќе републики и ништо оттука не беше јасно!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Истото може да се каже и за мобилноста. Мобилноста на луѓето, информациите, стоките и капиталот е секако една од дефинирачките карактеристики на доцната Модерна.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Но не смееме да заборавиме дека модерната држава има монопол над движењето.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Димитар Апасиев август, 2011 21 Македонската регулатива за работните спорови Corruptissima res publica, plurimae leges Колку во државата има повеќе закони, толку има повеќе корупција.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во четириесеттите години на овој век, времето кога авторот ја доживува својата афирмација, апсолутна доминација на полето на фантастичната литература во Соединетите држави имале магазинските списанија со голем тираж, што најчесто биле примерени на вкусот на најшироката публика на која ѝ се обрнувале.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)