другар (имн.) - секретар (имн.)

Затоа, му рече: - Почитуван другар секретар.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во ред, да претпоставиме дека М Ѓурев воопшто го нема посетено другарот секретар во спомнатиот понеделник; дека не ја видел белезицата на раката на Ботка; дека сѐ ова што се случува со него во затворов овие денови се некои необјаснети привидувања; дека и кај него, еве, дошло до тоа пореметување на рамнотежата помеѓу она што не било, и она што тој мисли па дури и верува дека се случило.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Да им ја бришеш правта од сенките? - го гледаше строго дури и непријателски неговиот другар секретар.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Или, уште подобро, да не ги знаеше оние моменти од минатото на Ботка; (дека Баручиеви всушност ѝ пружиле можност на нивната роднина Ботка, секретарката на другарот секретар, да поживее кај нив подолго време, и пред Втората светска војна, а и по неа, па оттука и нејзината упатеност во сите околности што можеле да помогнат во пленувањето на скриениот имот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Многу недели подоцна, кога почна сослушувањето, обвинетиот М. Ѓурев пред двајцата иследници неколку пати истакна дека тој интервенирал кај другарот секретар Јаким Ниновски во понеделникот, на 17 јуни, што значи дента пред да го затворат.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Стана и рече: - Јас знам, другар секретар, што рекол Ленин дека е комунизмот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)