Прво го гледаш како се тркала во водата како морско прасе, потоа го гледаш низ нишанот на пушката од хеликоптерот, потоа беше целиот издупчен и морето околу него поцрвене и тој потона ненадејно како низ дупките да се наполнил со вода; Публиката се дереше од смеење кога потона.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Зар не гледаш дека цело време мука и блека, вели и ја стокмува устата да плукне, дупка да направи во снегот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ги чекаше аџи Герасим службениците и чаушите, ама накитот од вратот и прстите на жената сѐ повеќе се намалуваше, и кога ибн Бајко се наведна врз дупката да види што се случило таму, пред очи му излета една белегзица право во рацете на воскарот, летна како оцет да испарува и ја снема.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Вчера бе на работа кај Милошка, на лозјето, да ѝ го копаме со жената, в дупка да а закопаш, та сношчи не забави со вечерата, — се правдаше Петре.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И зина некоја дупка да се отвора пред мене.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)