Но осиромашениот ураниум беше најмал проблем за осиромашениот народ. Осиромашувањето на духот беше далеку поопасно. ***
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Татковиот дух беше толку разбрануван, но и отворен, што сега немашесила што можеше да го оттргне од занесот и од свеста за величината на откритието.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Што оти свиреше северниот ветар, Трифун Трифуноски ја слушаше Интернационалата, со еден таков дух беше задоен, твореше.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Реши да причека во сопчето да се стемни и да дојде време за вечера.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Беа сигурни дека неговиот дух беше со нив.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Влезе во огнот, а неговиот дух беше премногу нужен за силни пламтења.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Неговиот дух беше скаменет од некакво глуво чмаење, од кое чувствуваше одвај мала горчина во грлото.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Наспроти здравата, практична логика на мајката која му беше неопходна да опстане низ најмачните искушенија, сега, по сите порази, татковиот дух беше оној под чија власт потпаѓаше.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)