Но, што ти крепи духот кој што е основа за здраво тело? - беше моето следно прашање. - Молитвите мои!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Клучно е да ги размрдаме малку тие комуникациски канали внатре градот (за воопшто да можеме да градиме некаква покомплексна информативна структура, „однадвор”), да ги мобилизираме инвентивноста и духот кои чучат и пропаѓаат по скопските дувла затоа што на okno.mk | Margina #15-16 [1995] 5 Балканот тие се безвредна роба, да го промениме тој инертен и моќен фатализам дека нема излез од гомнава, создавајќи силни јазли на некаква креативна енергија што би се ширела ко звукот на хотелското yвонче во Бартон Финк, суптилно а силно, вон фреквенциите на „чуварите на националната култура”, зомбиевските гадови што блокираат било каков проток и кои гнијат секој во своето изолирано ќоше од овој мрачен лавиринт низ кој талкаме и за кој допрво треба да се утврди дали воопшто поседува излез, копчи, интерфејси, како сакате, со некои поглобални структури. 3. Nick White Бројчињава во текстов се само затоа што овој трет параграф, некако според духот, не припаѓа баш во Маргина, но поради сомнителните морални причини споменати на истово место и во минатиот број, поради новиот голем бран на еден примитивен националистички дух кој не разликува државотворност од шовинизам, патриотизам од национализам (кој не разбира дека државата токму настанува во зоната на поларното одвојување на тие термини!) но и кој, доколку не се реагира (а богами и тогаш!, но реакцијата секо-гаш е важна, колку и да е осамена, макар и во историски рамки) брзо тркала сè пред себе, ете, поради тоа, велам: неверојатно е важен отпорот спрема тој евтин трговски национализам кој ги тресе особено тнр. кругови на културниот естаблишмент, кои си пронајдоа ново идеолошко лижавче, нова дури јазична матрица составена од крајно нерафинирани наци-романтични стереотипи.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Демагогијата и малограѓанскиот ситен интерес сѐ уште доминираат со јавната сцена на идеи и новата некорумпирана генерација интелектуалци и политичари богами ќе треба да вложи значајни напори да се пресмета со тој парохијален и всушност примитивен дух кој нема изградено никакво посуптилно чувство за иднина, за заедница и за делба на интересите. Маргина 35 7
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
ЛОКАЛНА СЦЕНА Seth Tobocman 76 Margina #22 [1995] | okno.mk Во Локалната сцена најнапред го имаме скулпторот од Скопје, Ибрахим Беди (36), еден, така, лирски и метафизички дух кој знае прилично работи, посебно за оние јазолни мултикултурни точки на нашиот град, а бидејќи ние сме, се разбира, мебиусовски маргини врз кои миговно фрчат разлики/рабови, за нас Беди е благодарен соговорник.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Овде бев најблиску до семејниот дух кој сигурно струеше од едниот до другиот брег, и покрај тоа што, среде, Езерото беше поделено со невидлива граница.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Тоа е опсервација на еден дух кој престојува во највисоките сфери на искуството, дух на јогин или монах, дух на научник со длабока смисла за мистичното или пак дух на уметник ослободен од ситните политизации, обдарен со ерудиција и okno.mk | Margina #26-28 [1995] 30 упатен во езотеријата на андерграундот.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Дури и идентитетот на Рози беше соединет со невестата на неговиот предок, и тоа беше нејзиниот дух кој го заштитуваше од гневот на реката.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Додека ветрот под костени есенски недоречени ми галеше лице, не бев во сенка на духовите кои ми бегаат.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
Знаеше дека сега ја почувствува слободата на природниот дух кој го водеше низ животот, по патот на правичноста, слогата и простувањето.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Во различни форми: ветарот ги обликува, истиот невидлив дух кој ги раздвижува, ги обликува формите на животот на земјата.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
По гредите на таванот над главата играше светлината со сенките, небаре духови кои час се подаваа, час исчезнуваа.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
„Имал среќа“ се велеше и за некој кој за влакно ја одбегнал смртта, не затоа што бил добар човек кој вредело да поживее, не затоа што на време закочил, или затоа што не се колебал да повика пожарна, туку затоа што бил следен од тој невидлив дух кој му го покажувал патот, оној истиот кој ни става чадор во торбата кога почнува да врне, кој го отвора зеленото светло кога брзаме, кој прави на улица да се судриме со луѓето кои сакаме да ги видиме а да одбегнеме други, кој со нашата рака ги влече правилните животни потези, со еден збор, кој ни помага сѐ да биде како што треба.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Неговата потрага по Рада стана невозможна. Потрага по дух кој не остава трага. - Каде можела да исчезне?
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Топлината што се шири од него шумно се меша со мирисот на дуњите и јаболката и со мирисот на исушените полски цвеќиња,треви и чаеви, и уште еднаш ја потврдува неговата преѓашна помисла дека сите тие заедно прилегаат на неземски суштества, на духови кои не седат овде, во Јанческата гостинска одаја, туку блудат некаде другаде, на некое друго место под небесата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Тоа е, впрочем, и еден од централните поими околу кои се води дебатата на двајцата префинети интелектуалци, и двајцата претставници на една аристократија на духот која ги проживеала сите страдања на интелектуалниот хомо балканикус: Таткото е во постојан егзил (и лингвистички и географски, меѓу Цариград, Поградец и Скопје), а Климент Камилски е интелектуалец од највисок ков, шпански борец против фашизмот кој во сопствената држава е фрлен на Голи Оток!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тој е во егзил и дома, бидејќи неговата докторска дисертација за педагогијата и развојот на детето, одбранета на Сорбона, е забранета во неговата сопствена држава!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тој беше осамен дух кој кажува вистина што никој никогаш нема да ја чуе.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Лежиме во скутот на Дух кој е посилен од нас.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Човекот сега може да се промени во некаков тип на дух кој води љубов на дистанца.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Друг манифест-трактат, од 12 јануари 1921, разделен низ Париз, под наслов Дадаизмот подига сѐ (DADA soulève tout) вели: „Имитаторите на Дадаизмот сакаат да ви го презен тираат Дадаизмот во една уметничка форма којашто тој никогаш не ја имал - Граѓани, 26 okno.mk денес ви презентираме во една порнографска форма, еден вулгарен и барокен дух кој нема врска со ЧИСТИОТ ИДИОТИЗАМ баран од ДАДАИСТИТЕ - ТУКУ Е ДОГМАТИЗАМ И ДРСКА ИМБЕЦИЛНОСТ.”
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Морал сето време да создава за да го исполни телото и духот кои делувале празно.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Дух кој пробива низ умовите на сите дух кој ги тера науките и воините да ги истражуваат неговите стратегии...
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)
Утопискиот дух кој ги проследува овие Кејџови разложувања карактеристичен е всушност за целата негова социјална филозофија.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Патокази в немир демнат грст сенки во таен кас, зрачнокрили едра ѕемнат вон кошмарот дух кој руди зли сили на пресврт час.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Кат растроен лаци блудни растура во кобен вјас, неумитен граба узди великиот демон- спас.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Безмилосен врски чисти збир утврден, сосем стар; развратниот кине мистик со отровен вознес- жар. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 141
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)