душа (имн.) - ни (зам.)

И тие сите му оставија пари на чеврето одозгора. Душата ни излезе.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
- Ура! - извикавме, ете сме пак на автопат! - Душите ни се успокоија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
а душата ни лета кон Македонија, кон планината, кон шумата, како оди јагленот, уште шумата ми се гледа в очи, од некои повисоки дрвја не можам да клепнам со очиве, не можам да ги затворам, а и сонот ми беше лабав таму, во Америка,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не постои ништо што не е збор. Дури ни вечноста, дури ни минливоста.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Едната душа ни знае како си одиме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Жив остаток од епохата на создавањето зборот продолжува да создава живи светови наспроти пустините во душите ни.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)