душа (имн.) - додека (сврз.)

Сонот ќе го претворам во бездна од лавиринти во кои ќе го барам само мирисот на белите нарциси.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ги измачувам умот и душата додека не искрварат нивните надежи.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Кога се свртев да фрлам уште еден поглед кон непознатата девојка, на аголот го видов Драган Стојниќ: сал туку си пееше нешто за своја душа додека стрпливо чекаше да си купи нов мобилен телефон.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)